Девојката која го освои светот е од Македонија , а нејзиниот талент воодушевува.

Сите акценти се точни, звучи исто како некои мои пријатели од други земји“, стои во еден од коментарите до најновото видео што Теона Сима го објави на Инстаграм, а во кое зборува на англиски јазик со различни акценти.

Видеото за брзо време стана вистински хит и на Твитер, каде што има над 44 милиони прегледи и безброј пофални коментари..

Теона Сима на Инстаграм и на ТикТок е позната како @thelanguageblondie, а на својот Инстаграм профил објави видео во кое раскажува зошто е возбудена да се врати на универзитет, при што, постојано го менува акцентот на англискиот јазик.

Станува збор за видео предизвик, во кое нејзините пријатели ѝ задаваат задачи да почне да зборува со различен акцент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.