Евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ и тоа не може да се препише само на името, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.
Според него, нема потреба ни премиерот, ни Ескобар да си играат весела математика со поддршката за ЕУ и дека изнесувала 80 отсто. Тоа се бројки од 2014-та.
Највисока поддршка имало во 2014, од 80 проценти, а потоа поддршката со годините опаѓа.
Во 2022, 64 проценти од населението позитивно би гласале за членство на Македонија во Унијата. Значи евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ и тоа не може да се препише само на името.
Има подлабоки внатрешни причини и логики, како и одговорност и кај ЕУ и кај властите.
Инаку што се однесува до 80%, кај етничките Македонци противењето на уставни измени е 80 проценти.
Чисто да ги имаме предвид фактите, пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.