Во однос на најавите за можна дестабилизација на земјата наесен, Мицкоски, рече дека луѓето што изминатите седум години ја претвориле државата во „своина и мислеле дека се незаменливи и вечни“ ќе бараат маргинализирани групи кои за пари ќе ги мотивираат да дестабилизираат.

–  Ќе се обидат преку етнички тензии тоа да го направат, бидејќи немаат друг начин. Не можат да магнетизираат луѓе, затоа што дури и нивните поддржувачи од минатото сега не ги поддржуваат. Во отсуство на долготрајни масовни протести, бидејќи за нив парите не се проблем, ќе бараат маргинализирани групи што со пари ќе ги мотивираат да дестабилизираат. Тоа им е единствен простор, изјави Мицкоски.

Тие, според Мицкоски, сакаат да бидеме генератор на нестабилност и затоа, како што нагласи „не смееме да дозволиме тоа да се случи и да наседнеме на тие провокации“.

– Ние не можеме сите тие провокации да ги спречиме. Тие ќе се случуваат, и важно е ние како ќе реагираме… Затоа ние не смееме да дозволиме тоа да се случи и за ова работиме сериозно со сите наши партнери од меѓународната заедница, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.