Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратеничките прашања проговори и за аферата „пасоши“ со која претходната влада и министерот Спасовски дадоа пасоши на светски криминалци и водачи на нарко кланови.
Тој објасни дека ќе бара одговорност од актуелниот министер Тошковски а тој не побара одговорност од неговиот претходник Спасовски.
Според Мицкоски, жените (службеничките) кои понесоа одговорност, биле само жртва за Спасовски да не ја понесе.
„Ќе барам одговорност од Панче Тошковски, ако не бара од вас одговорност за тоа што сте го правеле! Ваша работа е кога ќе дојде Пекер (н.з. дел од нарко клан) и ви побара пасош да го одбиете, а не да му давате во Драчево во 11 часот навечер“, рече Мицкоски
Тој додаде дека Спасовски не си ја работел својата работа, туку правел злоупотреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.