Премиерот Христијан Мицкоски во негово лично и во името на Владата, денеска го честиташе 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците.
Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот.
Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина. Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка.
Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат.
Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.