Овие 6 години е кулминацијата на сите несреќи на сите луѓе во оваа наша Македонија. И не се само предавствата со договорите кои се болното наследство и дивото месо кое ја гуши нашата нација или идеолошкото декомпонирање на нашите традиции и темели каде сè што е поврзано со македонското постоење, морал и семејство е отфрлено како ретроградно, туку и хавариите во сите други области кои ја фрлаат на колена нашата нација, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на тема надворешна политика.
Тој потенцира дека несреќата не познава ниту вера, ниту припадност кон нација, туку таа е колективна и заедничка.
Набројувајќи неколку болни точки кои и се случија на државата под водство на СДС, тој кажа:
10.000 загубени човечки животи од КОВИД, тоа е цел еден град кој престанал да постои.Изгорена КОВИД болница, автобуска несреќа која покажува дека системот не само што не функционира, туку и престанува да постои во одредени моменти.Милионски оштети за клинички центар кој не само што не го изградија туку и наследениот не го отпочнаа.Автопатиштата кои ги заглавија и од кои дебело печалат.Црни тендери кои завршуваат во приватни џебови.
Премиер и министри со семејства кои се бизнисмени и сиромашен и гладен народ.
Инфлација која силно удира по стандардот и сè повеќе граѓани кои се сиромашни.
Колективна сиромаштија за сметка на нивната индивидуална среќа со нашите пари.
Иселување кое одново го згаснува животот во нови домови, нови градови.
За да заклучи дека кога ќе тие од власта ќе речат воздржете се и вкусете уште една голема кнедла, уште едно ново само порекнување, останете неми на уште едно големо предавство на своето постоење, треба народот да знае две работи: дека тоа не е последното што го подготвуваат и дека среќата и сонот што го ветуваат нема никогаш да дојдат со овие луѓе.
Обландата дека се европски ориентирани е само завесата со која се покриваат за да им поминуваат криминалот и предавствата. Нивната среќа за народот значи несреќа. Нивните пари за народот значат празни џебови. Власта е готова, и единственото бегство од соочување со правдата и народот, им е се функциите како место кое им нуди засолниште од народот. Но тоа можеби им купува време, но нема никогаш да ги спаси од судот на народот, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека Македонија не е розовата слика во владините гласила и зборови, Македонија не се состои во владиниот раскош платен со државни пари, ниту во некој спот финансиран со парите на напатениот народ. Туку Македонија е на народот, таа е за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.