Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени проблеми, но имаме и големи надежи, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Тој објави видео на својот Фејсбук профил, а испрати и порака до граѓаните.
Вашата поддршка, вашиот труд и вашите идеи се наша најголема сила. Заедно градиме држава за идните генерации. Овие 100 дена беа само почеток. Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени. Македонија станува повторно твоја. Благодарам што сте дел од оваа промена, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.