Од 86,26% од обработените избирачи кои излегоа на парламентарните избори во ИЕ 1, 167.228 гласачи им обезбедија место во парламентот на 20 кандидати за пратеници од 4 коалиции и 2 партии. Мандатите се распоредени според бројот на освоени гласови, па во следниот парламентарен составо во Собранието ќе го видиме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е носител на пратеничката листа на Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“.
Освен Мицкоски, во новиот парламентарен состав ќе се најдат и Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димовски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска.
Вкупно 10 мандати.
Коалицијата за европска иднина – СДСМ, предводена од Димитар Ковачевски во Собранието ќе има 3 пратеници од ИЕ 1. Освен претседателот на СДСМ, пратеничко столче обезбеди и претседателката на ЛДП Моника Зајкова, но и Даниела Николова.
Вкупно 3 мандати.
Коалиција “Европски фронт’’, предводена од Блерим Беџети ќе има двајца пратеници. Покрај Беџети, во Собранието ќе влезе и Илир Хасани.
Вкупно 2 мандати.
Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил ќе ја претставуваат Левица во Собранието, како претставници на гласачите од ИЕ 1.
Коалицијата Вреди ќе ја претставуваат Изет Меџити и Беким Сали.
Вкупно 2 мандати.
Бобан Карапејовски ќе биде единствениот претставник на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.
Вкупно 1 мандат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.