Не очекувам дискусијата да трае десет дена, очекувам и имам некое чувство дека денес ќе заврши. Таму се 17 пратеници од кои пратеницитена ВМРО-ДПМНЕ се 7, а за да се најде точката на дневен ред треба мнозинство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со седницата на Комисијата за уставни прашања.Мицкоски укажа и кој е „за“, а кој „против“ на денешната седница.„
Очекувам резултатот да биде 10 наспроти 7, или 10 „за“ овие европејци кои купуваат имот од 30 милиони евра во центарот на Скопје или што имаат аудија на соседи и имаат 35 години возраст, а 30 години имаат искуство во бизнис и некако случајно во ист месец трансакција за хотел и за патничкото возило кое беше запалено. И тие европејци нека ја тераат европската агенда, а ние нашата македонска“, рече Мицкоски.Мицкоски се осврна и на гласањето за уставните измени пред пет години.„Ако мислите дека оние осуммина од пред 5 години биле изманипулирани, не е така, тие точно знаеле што прават имале личен бенефит и одлучија да си ја продаваат кожаата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, оние 44, се јасни и прецизни. Без никој ништо да каже вчера во просторијата каде се собравме, се знаеше измени под бугарски диктат нема“, заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.