„Мојот став е јасен, кажан во јавноста, повторен и непроменлив итн. А, што се однесува за ставот на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски можеби Ковачевски може повеќе да ви каже. Ако знае деталите нека ги сподели со јавноста. Добро е да го прашате еве на следната средба со него да го прашате кој е ставот кој што тој го знае, а јавноста не го знае, ниту пак јас, ниту претпоставувам граѓаните овдека“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Илинден во врска со уставните измени.

Мицкоски додаде дека неговиот став е јасно кажан, артикулиран и е непроменлив.

„Мојот став јасно е кажан, артикулиран и е непроменлив“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.