Граѓаните велат добро е, работите, ама никако да се справите со криминалот и со корупцијата. И ги разбирам. Сè додека тие луѓе се присутни во судството и во обинителството ние, за жал,  не можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот корупцијата и со сенките од минатото кои се дел од тоа политичко мочуриште кое го зароби судството и обвинителството, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за коментар во врска со тоа што претседателката на Судскиот совет Весна дамева планира да си го продолжи мандатот за уште шест месеци.

Според него тие на тој начин секогаш наоѓаат начин да ја оптруираат работата на органите на прогонот.

– Јас сум жестоко разочаран, од ова што се случува денеска, но верувајте нема уште долго, ќе влеземе во робусна акција и ако ако треба со тие корупирани судии и обвинители ќе се справиме на поинаков начин, рече Мицкоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.