Денеска 22.08.2024 година (четврток) во 12:15 часот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на спортска сала во населено место Огњанци, во Општина Петровец, соопшти владината прес служба.

Големината на салата е 25 метри квадратни на 21 метар квадратен, во вредност од 12.000.000 денари обезбедени од Министерството за образование и наука и 6.000.000 денари од општинскиот буџет, а рокот на изведба е 5 месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.