„Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден, што значи не се само од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таму има општини од СДСМ и од ДУИ и други општини од коалицијата ВРЕДИ, ВЛЕН или пак политичката партија ЗНАМ, независни кандидати коишто се градоначалници сега и така натаму и така натаму“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот ден од повикот на проектот за капитални проекти за општините и додаде:
„Јас сум исклучително задоволен, очекувам денеска да пристигнат и други предлози, да дојдеме до 250 проекти. 250 проекти значи подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините. Тоа до сега не се случило. Тоа до сега не се случило, и тоа е оној ветер во грб којшто треба да го даде Владата за бизнисот. Ние немаме намера да се занимаваме со ниски страсти, ние немаме намера да го понижуваме народот како што тоа го правеше претходната Влада, немаме намера да го ограбуваме, сите оние коишто беа навикнати на таков тип на работа, денеска исчезнаа од периметарот на владините институции, бидејќи знаат како функционира оваа Влада. Но, да имаме намера да се грижиме за интересот на граѓаните и да го помагаме бизнисот, бидејќи помагајќи го бизнисот ќе имаме посилна држава. А колку ни е државата посилна, колку е Македонија појака, толку и нашиот имот во Македонија е посилен и повреден.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.