Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за „Вечер“ потенцираше дека потребни се предвремени парламентарни избори кои би се одржале најдоцна до средината на мај или во втората половина на мај. Според Мицкоски овие избори се потребни затоа што граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека оваа влада ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине.
-Јас мислам дека најдоцна во јануари треба да има разврска ова сценарио за потенцијални предвремени парламентарни избори. Ако ме прашате зошто, затоа што ценам дека предвремените парламентарни избори би требало да се случат некаде во мај месец односно оваа пролет.За тоа да се случи потребно е во јануари да имаме политички и општествен консензус, веќе во февруари техничка влада таму некаде средината на февруари. Потоа влегуваме во два периода кои што се поврзани со големи верски празници, тоа е Рамазан и Велигден. И потоа по завршување на овие големи верски празници да отпочне процесот на кампања, тоа би значело крајот на април почеток на мај, и таму некаде во средината или втората половина на мај да имаме предвремени парламентарни избори.Затоа реков дека е потребен политички консензус бидејќи општествениот и граѓанскиот постојат. Кога велам дека постојат тоа може да се види на сите анкети многу јасно. Граѓаните велат дека оваа влада е неуспешна, дека оваа влада ја води Македонија во погрешна насока и дека оваа влада треба да си замине.Едноцифрени се бројките, кои што се позитивни за институциите кои што ги менаџира оваа влада и сето тоа кога ќе се собере можам да заклучам и дека императив треба да ни бидат предвремени парламентарни избори кои што би се одржале најдоцна до средината на мај или втората половина на мај, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски укажа дека предвремени парламентарни избори не им одговараат на ДУИ и дека СДС е комплетно поданик на политиките на ДУИ.
-Јас знам кому најмногу не му одговара, тоа е Демократската унија за интеграција (ДУИ), бидејќи раководството на оваа партија е свесно дека во оваа ситуација во која што тие функционираат во Владата никогаш понатаму нема да се има.Денеска СДСМ е комплетно поданик на ДУИ и на политиките на ДУИ кои што во овој момент можам да заклучам се сѐ само не се државни, народни, и политики кои што ќе значат прогрес, просперитет и на државата како што вие кажавте и на граѓаните и на компаниите. И ценам дека колку побргу пратениците на СДСМ ќе бидат свесни во каква ситуација ги туркаат политички неискусното дуо Зечевиќ – Ковачевски во прегратките на ДУИ да бидат нивен сервис во исполнување на нивните политики и замисли толку потешко ќе биде за државата.Затоа тие треба да се одважат, да се охрабрат и во рамките на партијата на СДСМ да издејствуваат предвремени парламентарни избори, кои што би се случиле оваа пролет. Затоа што ценам дека тоа е единствениот начин, не за ВМРО да победи, не за ВМРО да дојде да формира Влада и да биде власт, туку тоа е единствениот начин на држaвава да и се спречи слободното паѓање, Македонија да почне прво да се стабилизира па потоа да има и некаков раст, а граѓаните да престанат да ја напуштаат сопствената држава во очај, во недоверба, во незадоволство, во разочараност, резигнираност, кажа претседателот Мицкоски.
Претседатеот Мицкоски додаде дека актуелната власта нема стратегија како да управував со државата, а тоа го покажува и усвојувањето на буџетот во парламентот кој се темели на инфлација и нереален економкси раст.
-Ова е единствениот начин. Според мене, не постои друг начин. Инаку ќе продолжи егзодусот, јас не гледам стратегија, уште помалку ја гледам таа стратегија во буџетот кој што беше усвоен во парламентот. Можеби ова е единствениот буџет кој што е усвоен и кој што се темели на закони кои што не се донесени. Има неизвесност дали тие воопшто ќе се донесат. И ова е можеби единствениот буџет во независна Македонија кој што се темели, односно неговото полнење се темели на инфлација и на нереален економски раст.Замислете богата влада, сиромашен граѓанин. На тој начин владата планира да ја развива Македонија. Ова ќе се изучува како негативен пример во книгите за макроекономија, но и ќе биде можеби една од најлошите економски години за нашата Македонија и ќе биде пример како не треба некоја идна политичка гарнитура да практикува власт, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.