Актуелните политички случувања, како и економската состојба, биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски со грчката амбасадорка, Софија Филипиду.
Мицкоски на средбата истакна дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со уставните измени, Мицкоски потенцирал дека никој нема добиено мандат на избори за истите и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани се против и додаде дека уставните измени се уцена која не и дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина.
Во однос на економијата, Мицкоски посочил дека државата е пред целосен колапс со инфлација највисока во Европа и граѓани кои секој ден остануваат посиромашни бидејќи власта не е способна да ги заштити и не носи соодветни мерки.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека власта единствено поле на кое е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. Мицкоски нагласил дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.