И денеска акцијата „Ова е Македонија за сите“ продолжува во општина Лозово, ги посетивме населените места Милино, Дорфулија и Каратманово, повторно истите проблеми и повторно истиот молк од страна на власта, изјави кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од теренската активност во општина Лозово.
Тој посочи дека луѓето секојдневно се соочуваат со егзистенционални проблеми.
Имаат проблем со магитрален канал и водата за наводнување, имаат проблем со основниот продукт, водата од хидросистемот Злетова и имаат проблем со откупот на грозјето. Власта нема слух за овие граѓани, истакна Мицевски.
Мицевски потенцираше дека тоа е истата власт која нема слух за мнозинството граѓани кога се во прашање уставните измени.
Видовме дека вчера фамозната работна група составена само од експерти од владејачките партии донесе предлог з аиницијатива за промена на Устав. Го охрабруваме Ковачевски да не се плаши истиот тој предлог да го помине на влада и веднаш да го пушти во Собрание. Очекуваме дека во моментот кога ќе види дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени да поднесе оставка и да побараме предвремени избори, изјави Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.