Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати на примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата во касарна „Илинден“.
Државава подготвува уште еден пакет за помош кон Украина, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Како што појасни тој, земјава, како членка на НАТО има обврска секоја година да двои одредени средства за Украина, но сака да покаже и лојалност кој Алијансата.
„Има дополнителен пакет за помош на Украина. Мислам дека наскоро ќе биде на седница на Влада, иако чекав сите министри да добијат безбедносен сертификат, бидејќи дел од овие информации се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани што дополнителна опрема ќе се дава, но важно е овој период да направиме и проценка на сето она што досега сме го дале, што до сега не е направено“, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.