Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски денес е во посета на општина Бутел. Тој во објава на фејсбук потенцираше: „Иако временските услови беа лоши тоа не нѐ спречи да продолжиме, да се видиме и поразговараме со граѓаните кај „Социјалните згради“ во Општина Бутел! Граѓаните излегоа во голем број и ни дадоа поддршка за претстојните претседателски и парламентарни избори на 24ти април и 8ми мај. Разговаравме за актуелната состојба како и за проектите кои ги предвидуваме во изборната програма“.

„Во програмата предвидуваме:
– СЕКОЕ ДЕТЕ ВО ГРАДИНКА;
– УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК;
– БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА;
-ЗГОЛЕМЕН НАДОМЕСТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА!“, стои во објавата на Владо Мисајловски.

„Се обврзуваме на многу работа, реформи, проекти и подобра иднина за сите луѓе! Македонија повторно да биде горда!“ – нотираше Мисајловски во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.