Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска од Вашингтон во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача дека многу одамна сме заслужиле да сме дел од НАТО семејството.

Многу одамна заслужувавме да бидеме дел од ова семејство, сепак се работи за најсилната и најмоќната организација поготово во одбраната. Она што можеме да го видиме е една фамилија на многу земји кои што навистина си даваат постојана поддршка, вели Мисајловски.

Тој додава дека посебно е да се биде во оваа Алијанса, но многу поважно е да се биде во Европската Унија.

Секоја земја да постигне два отсто од бруто-домашниот производ за одбраната, да се модернизираат армиите и да ѝ се помогне на Украина“ – ја пренесе пораката од средбата со секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана на Македонија.

Ние како земја – членка стасавме до 2% од буџетот за одвојување за одбраната, но мислам дека тоа не е доволно и треба да гледаме кон одделување што е можно повеќе средства, пред се за нашата армија, рече првиот човек на македонската одбрана на маргините на Самитот на НАТО во кусото интервју за Гласот на Америка на македонски.

Како што најави претседателот на Владата Христијан Мицкоски, мора да продолжи поддршката за Киев. Ние, како Влада ќе направиме се што е во наша моќ, треба да ја помагаме Украина максимално, затоа што сме едно големо семејство. Но, истовремено треба да внимаваме да ја модернизираме и нашата армија. Нашата армија треба да биде на највисоко ниво. Јас ќе се обидам да обезбедам повеќе средства и да се вложува повеќе во одбрана со цел да имаме модерна армија, изјави Мисајловски за Гласот на Америка на Самитот на НАТО во Вашингтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.