Во рамки на Програмата за меѓународни лидери IVLP, организирана од американската влада, на покана на Амбасадата на САД во Македонија имав можност да имам различни средби во Tucson, Arizona, со повеќе научни институции, медиумски работници, политичари, но и со полициските сили на градот Tucson, информираше Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Се сретнавме со професорот по политички науки Thomas J. Volgy од Универзитетот на Аризона и поранешен градоначалник на Tucson, каде што разговаравме за надворешната политика на САД и соработката со Европа, но и за предизвиците на внатрешен план со посебен фокус на соседите.

Исто така се сретнавме со полициските сили на Tucson каде што можевме да слушнеме за сите предизвици на границата со Мексико, но и за имиграцијата, спречување на криминалот и начинот на соработка меѓу сите институции за подобра гранична контрола и безбедност во целиот регион.

Продолжуваме со одличната агенда каде што имаме можност да разговараме на повеќе различни теми, да стекнеме знаења за системот на организација на САД, но најважно да оствариме нови контакти и пријателства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.