Пониски даноци, повисоки плати, заштита на националните и државни интереси, поголеми пензии, враќање на слободата и правдата, насмевките и среќата. Милијарда евра за општините, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски.
-Нови улици, водоводи, паркови, игралишта, градинки, училишта, нови странски инвестиции, над 50.000 нови работни места, нови автопати. Ветуваме слобода, достоинство и правда, жестока борба против криминалот и корупцијата. Македонија повторно ќе биде економски развиена држава. Македонија повторно ќе биде држава на среќни луѓе и достоинствени граѓани, истакна Мисајловски.
Тој посочи: „Македонија повторно ќе биде држава на која што сте горди и во која верувате“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.