Пратеничката Соња Мираковска, по завршувањето на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-ЕУ, за МИА изјави дека европратениците потенцирале дека бојкотирањето на Собранието не е начин да се оди напред, особено не да се имплементираат реформите што ќе не однесат во ЕУ.
Затоа една од последните теми или петтата тема за нашиот 20-ти состанок е процесот „Жан Моне“, што со него, како ќе продолжиме и кога ќе го завршиме затоа што тој ќе ни донесе еден деловник што ќе биде помодерен, кој ќе биде ефикасен и со кој ќе можеме практично да одговориме на предизвиците, Собранието да биде функционално, да најдеме начин за компромисни решенија со опозицијата за да можеме практично да ги спроведуваме реформите, да ги носиме законите со кои ќе се спроведат реформите – изјави Мираковска.
Таа посочи дека следува Меморандум со кој ќе се дефинира улогата на Собранието и двете важни тела во Собранието, а тоа е Комисијата за европски прашања, но и Националниот совет кој го води претставник на опозицијата, две важни тела кои ќе си ги поделат задачите околу пристапниот процес.
Мираковска потсети и дека Собранието веднаш по носењето на одлуката на Европскиот совет донело заклучоци во кои ги постави црвените линии.
Ги задолжи и оваа Влада и идните влади работите за кои не може да се преговара, а тоа се идентитетските прашања, прашањата за македонскиот јазик, прашањата кои се однесуваат на нашето право за нашата историја и дека билатералните договори треба да се потрудат идните влади да не дозволат да бидат предмет на преговори во дел на преговарачката рамка, туку надвор од процесот – вели таа.
Мираковска нагласи дека главната порака од состанок е дека Република Македонија ги почнала преговорите.
Тоа го потврдија претставниците на Европската комисија дека со Македонија работите се движат, почнати се разговорите, почнат е скрининг процесот, се очекува наредната година да заврши и дека сме на патот на кој заедно работиме, на пат на кој споделуваме информации, одиме напред кон ЕУ – вели Мираковска.
Во Европскиот парламент во Стразбур овие два дена се одржуваше 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.