Министерот за правда, Кренар Лога, смета дека времената мерка која Устваниот суд ја донел за упатството ќе биде беспредметна и наскоро ќе биде исработен прочистен текст. Тој, одлуката на Уставен ја оцени како „купување време“.
– За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството кој ќе биде деновиве пуштен за објавување. Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога денеска на прес конференција.
Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор.
Министерот за правда Кренар Лога во врска со последните случувања на релација Уставен суд-Министерство за правда и воведувањато на времена мерка и на прашање во врска со наводите дека Министертоство не го испочитувало рокот за иницијативата и уставниот рок за упатството.
– Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став.
-Од утре, сите подзаконски акти ќе бидат доставени до Уставен суд од моја страна, рече министерот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.