Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац од денеска  (29.05.2023) ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри, а ќе бидат потпишани и два билатерални договори.

Договор за економска соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина и Договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина
.

Кошарац и делегацијата од Босна и Херцеговина ќе пристигнат во Министерството за економија во 10:00 часот.

По завршување на билатералната средба предвидено е поптишување на Договорите во 10:30 часот кое ќе се одржи во Сала на 1 кат во Министерството за економија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.