Министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани, денеска во неговиот кабинет се сретна со нејзината екселенција, амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија, Ангела П. Агелер. На средбата се разговараше за важни прашања од билатералната соработка, борбата против корупцијата, како и за подготовката на Реформската агенда на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и тековните политички прашања.
Министерот Муртезани на средбата истакна дека го цени придонесот на САД и амбасадорката Агелер во поддршката на евроинтегративните процеси на Македонија и изрази подготвеност за соработка со САД за забрзување на реформите за напредок на земјата кон членство во големото европско семејство. Муртезани потенцираше дека Македонија останува доверлив партнер на САД, силно посветена на промоцијата на западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот. Тој информираше дека Реформската агенда од Планот за раст беше дискутирана на седницата на Владата и целиот пакет е навремено доставен до Европската комисија, со што започна процесот на меѓуреосроска консултација во системот на ЕК.
Амбасадорката Агелер, пак, изрази подготвеност како и секогаш да ѝ помогне на земјата во реформите и во борбата против корупцијата. Таа ја истакна важноста за блиската соработка меѓу сојузниците и заедничката посветеност за унапредување на стабилноста и економскиот развој.
Соговорниците се согласија дека е исклучително важно да се искористи моментот за спроведување на Рефромската агенда, со што ќе се обезбеди значаен придонес за социо-економскиот раст, обезбедување на стабилност и намалување на диспаритетите меѓу земјата и ЕУ.
Преку континуирана дипломатска, политичка и економска поддршка, САД придонесоа за напредокот на реформските процеси на модернизација во Македонија. Нивната помош е круцијална во зајакнувањето на демократските институции и подобрувањето на државните капацитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.