Денеска, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, на која беше реафирмирано цврстото партнерство меѓу двете земји, со фокус на тековната и идна соработка во клучните развојни области, информираат од Министерството за европски прашања.
Министерот Муртезани изрази благодарност за конзистентната политичка, економска и развојна поддршка од страна на Обединетото Кралство низ годините. Тој истакна дека соработката со Обединетото Кралство е клучна за зајакнување на капацитетите на земјата во критичните области, работејќи заедно со меѓународните и локалните партнери за да се осигура дека овие проекти се усогласени со стратешките приоритети на двете земји.
Министерот Муртезани и амбасадорот Лосон разговараа за долгогодишното успешно партнерство, вклучувајќи ја и поддршката за изработката на Националната развојна стратегија на Македонија и напорите за подобрување на процесите во јавното управување. Соговорниците ја разгледаа успешната имплементација на проектите поддржани од Обединетото Кралство, особено во полициските реформи, правосудството, транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите како и промовирањето на принципите на еднаквост во општеството.
Тие ја потенцираа важноста од координацијата на донаторите, подвлекувајќи го долгогодишното британско искуство во развојната соработка како значајна компонента при усогласувањето на стратешките цели во напорите на земјата за одржување на стабилноста и безбедноста, доброто владеење и промовирање на различноста и мултикултурализмот, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.