Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставници од министерството за труд и социјална политика и други институции, денеска отпатува во Брисел, на билатерален состанок во рамки на скрининг процесот со Европската комисија.
Билатералниот состанок започнува со тема „Европскиот столб на социјални права“ на која министерката Тренчевска ќе говори за националните клучните реформи и иницијативи како и предизвици и идни планови во однос на 20-те начела на Европскиот столб за социјалните права кои ја претставуваат Општата стратегија за посилна социјална Европа.
Во периодот од 10 до 12 мај претставници на министерството и други институции ќе зборуваат во полето на Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст.
Поглавјето 3.19 Вработување и социјална политика опфаќа седум подрачја, односно: трудово право, Безбедност и здравје при работа, Социјален дијалог, Политика на вработување и Европски социјален фонд, Социјална вклученост, Социјална заштита и Антидискриминација и еднакви можности.
Делегацијата за Поглавје 19 на Македонија се состои од членови, главно, од Министерството за труд и социјална политика, но и претставници на други институции и тоа: Министерство за транспорт и врски, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за техничка инспекција, Институт за медицина на трудот, Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија заради специфичноста на одредени области опфатени со Поглавје 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.