На прашањето на „360 степени“ дали може на увид на јавноста да ѝ стави документ од бугарските власти со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка, министерката за енергетика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека за тоа ќе мора да се консултира со адвокатите. Ист одговор добивме и на прашањето дали сè уште има бугарска самосвест.

Ќе се консултирам со адвокатот. Ова е одговорот што „360 степени“ го доби од министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција во Владата на неколкуте прашања за нејзиното бугарско државјанство.

 

На прашањето на „360 степени“ дали поседувала или дали во моментот поседува бугарско државјанство и зошто не го декларирала во биографијата приложена кон предлогот за состав на новата влада, Божиновска во јуни ни одговори:

„Што се однесува до вашите конкретни прашања, во мојата официјална биографија е јасно наведено дека сум македонска државјанка и дека поседувам и чешко државјанство. Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.