Утрово министерот за јавна администрација Горан Минчев соопшти дека изменети се процентите на балансерот, алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Ваквата одлука следува по промената во август 2022 година кога тогашниот министер Адмирим Алити направил нова пресметка со која се сметало и нерезидентното население. Така, броејќи ја и дијаспората од пописот во 2021 година се зголемил процентот за вработување Албанци на 29,54%.
Алатката наречена „балансер“ беше критикувана за нејзината злоупотреба, бидејќи поединци манипулираа со својата етничка припадност за да добијат предности за вработување. Минчев соопшти дека во досегашните пресметки проблемот бил што се земал предвид и бројот на нерезидентно население, а така во предност биле Албанците кои се сметале со дури на 29,54%.
Во следниот период следува корекција на процентите каде ќе се зголеми бројката на Македонци, а ќе се намалат вработените Албанци.
Поточно низ бројки корекцијата би изгледала вака: Македонци од 54,21% на 58,44%, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34% на 2,53%, Срби од 1,18% на 1,30%, Бошњаци од 0,87% на 0,87% и Власи од 0,44% на 0,47%.
„Дигиталната алатка „балансер“ ќе биде укината, а бројките за вработување сега ќе го одразуваат резидентното население врз основа на податоците од пописот од 2021 година. Оваа промена не може да се преговара“, потврди министерот Минчев.
Проактивните мерки на министерот Минчев за повлекување на контроверзните закони и реформирање на административните практики ја нагласуваат неговата посветеност за поттикнување на транспарентноста и ефикасноста во јавниот сектор. Претстојните дебати со синдикатите се очекува да обликуваат инклузивни законодавни реформи корисни за сите вклучени засегнати страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.