Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен денеска попладне ќе пристигне во посета на Република Македонија, со која ќе ја започне нејзината турнеја низ регионот на Западен Балкан.

Како што најавија од владиниот Сектор за односи со јавноста, премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека претседателката на ЕК Фон дер Лајен пред платото на Владата.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Главната порака која ќе ја пренесе претседателката на Европската Комисија, е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот,  Нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан е во контекст на војната во Украина и енергетската кризa.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.