Прво, би сакал да кажам дека секој што смета дека предлогот на претседателот Макрон за почнување на едни вакви неформални средби наречени европска политичка заедница дека се случајни, не направил добра проценка. Тоа што францускиот претседател предложи нова методологија за зачленување, полноправно членство во ЕУ исто така не е случајно. Ниту, пак е случајно тоа што земјите членки на ЕУ во моментов разговараат за ревидирање и реформа на самите состојби, институции и правила на игра внатре во ЕУ. Тоа што можеме да го слушнеме од пратеници од Европскиот Парламент во разговори неформални со нас, кога имаме контакти, формално не верувам дека некој би го изјавил тоа, е дека во иднина не се очекува наскоро да има полноправно членство на било кои нови членки од регионот или од други краишта на Европа во ЕУ. И сметам дека во иднина Македонија и земјите од регионот можат да очекуваат парцијално залченување, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија на 24 телевизија.
Милошоски додаде според него во иднина Македонија и земјите од регионот можат да очекуваат парцијално залченување. А, тоа значи она што ќе се исполни како критериум таму каде што смета ЕУ дека можеби нема да биде пресложено да има уште една, две, три или пак четири членки во секторот образование или во секторот за заедничка царина, или во некој сектор за заедничка надворешна политика, тука ќе има парцијално членство, парцијално гласање. Но, во иднина не верува дека ќе има земји членки кои што ќе имаат еврокомесар, кои што ќе имаат голем број на пратеници и кои што ќе имаат право на вето или право на учество и гласање во сите области во европската политика.
„Според мене треба добро да размислиме какви национални концесии и отстапки правиме и за што, да не испадне дека ги правиме за џабе. Ние на секое ново ветување дека ќе почнат преговори, дека има перспектива, дека ќе има скрининг, дека почнал скрининг, ние ветуваме Устав. Како тоа да е веќе достигнатата цел. Ќе се смени Уставот и што после тоа? После година, две или три ќе се смени составот на ЕК и некој може да каже извинете ние имаме нови правила, не сме спремни, вие имате стратешки определби да бидете членка на ЕУ, но ЕУ нема во моментов капацитети и апсорпциона моќ да вклучи нови змеји членки. Затоа сметам дека Македонија треба да биде внимателна што прави, што презема и за која цел“, нагласи Милошоски.
Тој посочи дека менување на Устав не е мала работа, тука се работи за сувереноста на една држава.
Уставот е сувереноста на една држава, и вие го менувате по барање под притисок на трета држава. И да напоменам 30 години имаме незвисност, ниеден Црногорец, ниеден Хрват, ниеден Бугарин во Македонија не се пожалил или да има некакви посериозни пресуди или случаи за такви работи за некаква дискриминација заради таква припадност. А, сега се злоупотребува симпатијата условно кажано кон Црна Гора и кон Хрватска, како шминка, заублажување и за амортизација на барањето Бугарите да станат дел од Уставот и тоа не е случајно барање. Барањето не е ниту наивно, ниту отворањето на клубовите е наивно, заклучи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.