Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска е спроведен од затворот од Струга во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Тој во струшкиот затвор ја издржува тригодишната казна од случајот „Империја“.
Кривичното гонење за него застарува за четири месеци, односно во април 2022 година.
Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019 година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни.
Мијалков се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година.
Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.
Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.