Да смениш или цензурираш партизанска песна не е мала работа.
Тенденција е, која полека се развива, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

Партизанските песни во суштина се политички и идеолошки силно обременети со антифашистичкото значење.
Човек може да ги пее и без тоа значење, онака, комерцијално и испразнето од значење, може и само затоа што убаво му звучи.
Може и да не се пее и никој нема право да му замери на тој што не сака.
Ама кога се пее на државен празник и настан, таква песна, со јасно значење, во даден политички момент, и ти ја цензурираш и менуваш, е да, тоа не е добро и не би требало да се случува.
Тоа значи дека одиш против тоа што навистина сите не обединува и што е продукт на една историска вистина, НОБ, нашиот отпор и борба, конституирањето на македонската нација со сите атрибути.
Ако ја цензурираш заради Бугарите, тогаш не само што не ја славиш победата на слободата над тиранијата, туку и една диктатура ја заменуваш со друга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.