Постојат две сценарија. Првото е да не успее и тогаш сите ние да го почувствуваме како физичка појава. И второто е да успее, но тоа да го плати најскапо. Најсиромашната држава неспособноста на владата ќе го плати најскапо, ете тоа е од прилика кое што можеме да го очекуваме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе успее државата да набави јаглен и струја.
Мицкоски истакна дека за да се случи второто сценарио а тоа е да набави државата јаглен, гас и струја тогаш единствен начин е преку повторно задолжување, бидејќи ќе бидат потребни 2,5 милијарди евра за Македонија да преживее, а како што нагласи парите ќе треба повторно да ги дадат граѓаните и да ја платат неспособноста и криминалниот карактер на владата на СДСМ и ДУИ.
Да се случи второто сценарио ќе требаат пари, а единствен начин да се обезбедат тие пари е повторно задолжување, повторно државни гаранции или пак да се користат државните резерви кои што и така се намалени за да дојдеме прв пат после долго време под 3 милијарди, со што веќе сериозно ќе биде нарушена макроекономската стабилност на државата, бидејќи навистина ни требаат многу пари. Јас тоа веќе го кажав, 2,5 милијарди се потребни ако ме прашате од каде таа бројка ја кажав многу едноставно само за гас ќе ни требаат 250 милиони, еврообврзницата која што достасува на почеток на следната година е 450 милиона, околу пола милијарда би требало да биде буџетскиот дефицит, значи повеќе потрошиле отколку што собрале, и самите рекоа дека 300 милиони ќе им требаат за струја, јаглен и гас. Дојдовме од прилика до милијарда ипол и истото тоа сметајте го и за 2023 година без да биде подржано стопанството. Значи 2,5 милијарди евра се потребни за да Македонија преживее, не велиме да живее, туку преживее.
Тие пари сигурно нема да ги извади ниту Ковачевски, ниту Ахмети, ниту било кој од владата, туку тие пари треба да ги извади народот. И тука нема ниту Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, сите сме обединети околу маката, и сите ќе треба од џеб да ги извадиме тие пари и да ја платиме неспособноста и криминалниот карактер на владата, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.