Овие денови е актуелно прашањето за лидерската средба. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе отиде и што ќе прави? Прво да кажам дека намерите на власта за лидерската средба се јасни. Тие очекуваат јас да одбијам присуство на таква средба затоа што ќе се разговарало за европски интеграции. Веднаш по ваквиот чин ќе следи напад дека ВМРО-ДПМНЕ било антиевропско и дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирано затоа што сите партии со албански предзнак ќе присуствуваат на средбата. Се гледа од месечината што им е целта“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски при своето обраќање на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”.
Мицкоски додаде дека доколку ВМРО-ДПМНЕ присуствува, тогаш инсталациите и мегафоните на власта веднаш ќе раскажат „аха значи Мицкоски е подготвен за уставните измени“. Тоа е нештото што Ковачевски го нарекува план, а што и друго да се очекува.
Сметам дека правењето театар за јавноста во еден таков гломазен состав, што го нарекуваат лидерска средба, нема да ги донесе решенијата на проблемите кои се аларамантно потребни за народот. Народот од нас очекува да зборуваме за инфлацијата, за енергетската криза, за зголемената сиромаштија, за затворените рудници и фабрики, за нискиот стандард. Ова се темите за кои мора алармантно да се бараат решение, а не за уставни измени или една генерална тема без никакви појаснувања – интеграции. Поскапувањата, енергетиката и сиромаштијата се дијагнозата на колективната болест која го мачи општеството, чиј лек, единствен лек се предвремени парламентарни избори“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и да, еве објавувам, дека ќе присуствувам на таква средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се предвремени парламентарни избори. А, што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема затоа што уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија“, нагласи тој.
Мицкоски посочи дека тој е човек кој што не прифаќа уцени, и ниту нешто договара зад завеса.
На сите оние инсталации и мегафони на власта кои веруваат во теорија на заговори, да им е јасно дека без повторувам јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без такви јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае“, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.