На средбата влегов загрижен, а излегов уште позагрижен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по двочасовните разговори на тема енергетика со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.
Во периодот што следува е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои што очигледно ќе ни се случуваат, бидејќи она првично сценарио што како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е функционалност на трите блока во РЕК Битола, едниот блок во „Осломеј“ во Кичево, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнат со добриот капацитет на ТЕ-ТО Скопје во суштина е тешко да се реализира“, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека партијата изразила подготвеност да ги стави на располагање сите позиции, додека, како што истакна, од премиерот Димитар Ковачевски бил посочен министерот за еконјомија, Крешник Бектеши како лице за контакт.
Веднаш ќе ги контактираме нашите позиции, контактите ќе бидат пренесени до министерот Крешник Бектеши и од тој момент, па натаму, очекуваме оваа неизвесност во која што во моментот се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи, односно да обезбедиме евтин ресурс со кој, пак, ќе можеме да обезбедиме евтина струја, односно поевтинја од онаа на берзите и на тој начин ќе помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата“, порача Мицкоски.
Мицкоски пред новинарите на платото пред Владата го сподели и предлогот што го имал на средбата.
Ако ја имаме оваа оперативна претпоставка, предлагаме позиција која што ќе обезбеди значително поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино. Цената по која што тој ресурс ќе биде донесен до ТЕЦ Неготино и комерцијалните услуги ќе си ги испреговара владата, зголемена за трошоците за производство на тој ресурс ќе даде цена на електрична енергија што ќе биде најмалку двапати помала од таа што во овој момент е на берзите“, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.