Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за став околу најавата на Владата за намалување на платите на одредена категорија вработени во државата, истакна дека во вакви услови на покачени цени да се намалуваат плати, не е решение туку е терор.

Тоа не е решение, тоа е терор. Во услови на инфлација и во услови кога инфлацијата е речиси 20%, кога храната ние повеќе од 30-40% поскапена, кога една потрошувачка кошничка веќе надмина 50 илјади денари за едно просечно семејство, тие да намалуваат плата е навистина безобразно“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на страната на работниците и дека пари ќе има за сѐ само доколку луѓето во власта престанат да крадат.

Ние сме секогаш на страната на работниците и тука да немате дилема. Јас реков како може Ковачевски и Владата да ги обезбеди тие пари. Само да престанат да крадат. Ако престанат да крадат има пари за сѐ и само тоа треба да престанат да крадат. И ко ќе го видите сега најновиот извештај од Европската комисија кој што ќе стигне, главен фокус ќе биде корупцијата и борбата против криминалот. Само треба да престанат да крадат. Они мислат дека ако потпишуваат капитулански договори и ќе се однесуваат квислиншки кон тие држави кои што имаат интерес да го нема македонскиот народ и македонскиот идентитет, култура, традиции, обичаи историја итн. ќе им биде се прогледано низ прсти и ќе можат да си крадат, да си градат вили, да си имаат луксузен живот итн. Но, треба да знаат дека и на тоа му доаѓа крајот, а после крајот има и одговорност“, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.