Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата на денешната владина седница, потврдија од Владата за МИА.
Димовски е член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, а досега работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант.
Изборот на Димовски доаѓа откако Мухамед Зеќири си поднесе оставка по покренато обвинение за него за злоупотреба на службена положба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.