Од мерките за заштита против Ковид19 на владата на Косово да ги затвори албанско-албанските граници, корист имаа само скопските лаборатории каде се прават ПЦР тестови.
И додека некои европски држави ги укинуваат сите мерки против оваа пандемија, владата на Косово продолжува на не потценува, злоупотребувајќи го нашиот страв од болеста и, штитејќиги Албанците таму од нас од оваа страна на границата.
Но сепак, границата останува отворена за претседателот на ДУИ, кој се сретна со премиерот на Косово, можеби за да го информира дека разни македонски актери работат за да му наштета на неговата партија!?
И навистина тој лаже: полициските и политички македонски кругови прават се за да ја заштитат ДУИ како посебна македонска вредност – и од Албанците! И во право се, затоа што подобар васал од ДУИ не можат да најдат и бидејќи ДУИсо ништо не им наштетил и не им штети на Македонците, туку на Албанците од Македонија! – пишува новинарот и писател Ким Мехмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.