Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика (ЕТАИ) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 23 септември во Струга ја организираат 16. Меѓународна конференција ЕТАИ 2024.

Како што информираат организаторите, покрај научната програма и презентација на прифатените рецензирани научни трудови, во рамки на конференцијата ќе се одржат неколку пленарни предавања од еминентни и светски познати научници и професори.

Научните трудови публикувани на конференцијата се тематски поделени во десетина сесии од областа на електрониката, автоматиката, телекомуникациите, информатиката и други мултидисциплинарни сесии од областа на електротехниката.

Во програмата на конференцијата е планирана особено актуелна тркалезна маса „Emerging Trends and Challenges in CyberSecurity“ со панелисти кои се еминентни стручњаци од полето на кибер-безбедноста, соопштија организаторите на конференцијата која ќе ја отвори нејзиниот годинашен претседател, проф. Миле Станковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.