Изет Меџити за „Фокус“ изјави дека евентуалното влегување на Алијанса во Владата се прави за да се спаси Артан Груби, а дека тоа може да значи и губење на мнозинството од 61 пратеник, наместо посакуваните 80 за уставните измени.
Ако Алијанса влезе во владата, во најдобра варијанта сме на нула, бидејќи во таков случај се губат исто толку пратеници колку што ќе влезат. Плус, ќе се отворат внатрешни процеси и во други партии, вклучително и во Алијанса. На овој начин, со цел да се спаси Груби преку Алијанса, наместо да бркаме 80 може да загубиме мнозинство од 61 пратеник – порачува Меџити според кого не е неопходно Алијанса да влезе во власта за да се избегнат предвремени избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.