Учениците од средно стручно образование кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе треба да полагаат академски тест, објави Факултети.мк
Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска за „Факултети.мк“ вели дека без положен академски тест матурантот нема да има право да се запише на факултет. Новиот концепт за полагање државна матура, од кој е дел и овој академски тест, би почнал да се применува од 2025 година.
Според новиот концепт за полагање државна матура, различно ќе биде тестирањето во гимназиите и во средните стручни училишта. Во гимназиите ќе има задолжително полагање математика и странски јазик, а во стручното образование ќе се полагаат стручни предмети. Таму, исто така, ќе има и академски тест, информира Наумовска.
Таа појаснува дека академскиот тест ќе содржи прашања од јазична писменост, за, како што рече, да се види колку се писмени учениците.
Ќе се види и математичката писменост, исто така. Се смета дека овие вештини и знаења мора примарно да ги поседува секој иден студент. Во понатамошните академски звања што ќе ги добива, ќе треба да подготвува различни семинарски работи, ќе треба да истражува. И сега не може секој да студира, т.е. државната матура е услов за упис на факултет – додава директорката.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.