Во интервјуто за порталот „Поглед.мк“, поранешниот советник на Левица од општина Аеродром, Дарко Масларковски изнесува сериозни обвинувања кон лидерот на партијата, Димитар Апасиев и додава дека е забрането знамето со сонцето од Кутлеш…

Во продолжение дел од интервјуто.

„Поглед“: Зошто му верувавте на Апасиев дека може да донесе промени во политичкиот живот во Македонија?! Која според Вас е понудата на Левица, земајќи ги предвид ставовите за ЕУ, НАТО, Америка, Русија? Која е алтернативата и дали е таа реална или пак политиката на Апасиев е повеќе сведена на плукање по противникот без реална понуда за граѓанинот?!

Што друго му преостанува на македонскиот народ? НАРОДОТ е спремен за ПРОМЕНА, а не за ЗАМЕНА, верувавме бидејќи како Македонци имавме силна потреба од истото, еве и овде да споменам дека најсреќен ќе бидам ако не сум во право и ако ЛЕВИЦА и Апасиев не се предавници и во служба на ВИШИ структури. Нека ми го докажат спротивното, но чекорите на Левица ми го подигнуваат сомнежот, да се забрани употреба на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ со сонцето од Кутлеш, сомнителните луѓе кои се на високи функции, да разрешуваш член на президиум на 3 месеци до избори и дополнително да имаш 2ца замрзнати, да рацинизираш/игнорираш членови кои искрено се бореле за ЛЕВИЦА и ИДЕАЛИТЕ, не ми дава верба за иднината.

 

Без да навлегувам во идеолошки моменти и висока геополитика, Јенс беше во Скопје – Левица Не мрдна со прст да покаже дека не е пожелен, мене тоа ми кажува повеќе од декларативно залагање и фаќање страна. Палестина доживува холокауст од невидени размери ние имаме членови кои се декларирани ПРОИЗРАЕЛ и ПРОАМЕРИКА, епа не може така ДРУГАРИ.

 

Програмата на Левица е добра содржински, но плаши фактот дека нема идеја и можност за реализација не затоа што НАРОДОТ не сака, туку затоа што Апасиев и неговите ШЕФОВИ не сакаат.

„Поглед“: Бевте ли блиски лично со Апасиев. Дали покрај партиските активности, се дружевте лично. Ова го прашувам бидејќи ме интересира ЗОШТО некој би си дозволил да ги нарече ЏГАН и ЃУБРЕ своите довчерашни поддржувачи?!

Не, никогаш не сме биле блиски другари ниту приватно сме се дружеле, што и не треба да биде било каков фактор за НАПРЕДУВАЊЕ во хиерархијата во партијата или во структурите на истата. „Џган“ е најверојатно последица на ШОКОТ од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица. Џубрето е таму во депонијата на Левица, кадровски решенија на сомнителни луѓе со сомнително минато не може да се споредува со нашиот ЧИСТ идеализам и бескомпромисна БОРБА за МАКЕДОНИЈА“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.