Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници каде што почна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог, чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија.

Тој со кацига на главата во вид на овошје, застана со куфер покрај себе, играше на музика и ја испрати својата порака.

Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.