Од 1 април 2014 година МАРнет не врши регистрација на домени освен за доменот .gov.mk, велат од Марнет во реакцијата на нашиот текст дека бугарски државјанин закупил околу 2.500 домени со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.

Согласно европските директиви за либерализација на пазарот и трендовите во светот за работа со национални домени, од 1 април 2014 година, во согласност со Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .MK домен и врвниот македонски .MKД домен, МАРнет не врши регистрација на домени, освен за доменот .gov.mk, а правото за регистрација на домени МАРнет го пренесе на приватни регистрари. Меѓусебните права и обврски на МАРнет и регистрарите се регулирани, односно утврдени со договор.
Регистрарите имаат целосно право самостојно да извршат регистрација на домените кои се слободни (нерегистрирани) во моментот на регистрацијата. Регистрацијата на домените регистрарите ја вршат без претходно одобрување од страна на МАРнет. Дополнително, МАРнет обезбедува информации за регистрантите на домените со објавување на истите во јавниот регистар на домени, објавен на Интернет страницата на МАРнет и јавно достапен до сите заинтересирани лица ( Who is), велат од Марнет.

Република побара одговор од Марнет и пред еден месец пред објавување на текстот, но одговорот стигна по објавувањето на текстот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.