Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, на која беше разговарано за пристапните преговори, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива за регионот.
Докажаниот пријател на Македонија и наш поддржувач за напредокот кон ЕУ, Мануел Сарацин на состанокот јасно укажа дека членството во ЕУ е извесно и дека не треба да се губи време и оваа шанса. Во таа насока Сарацин додаде дека активна е дебата во Европската Унија за идното проширување, која треба во следните месеци да даде конкретен план и временска рамка, и порача дека треба брзо да движиме кога станува збор за следниот чекор во процесот на преговорите и фаќање на брзата лента, со земјите кандидатки кои веќе преговараат.
Вицепремиерот Маричиќ рече Владата е целосно посветена на задржување на Македонија на европскиот пат, посочувајќи дека како држава имаме направено многу кога е во прашање патот кон ЕУ, но и дека клучниот период допрва доаѓа
– Како Влада фокусот го држиме на успешно завршување на обврските и ново приближување кон ЕУ, со цел да направиме уште повеќе во делот на реформи и со поголема брзина да влеземе во клучните години за европеизацијата на македонското општество, рече Маричиќ на средбата.
На средбата уште еднаш беше потврдено дека Сојузна Република Германија останува посветена на европската перспектива на регионот и дека нејзината заложба е да останеме активни во пристапниот процес и без понатамошни компликации и одолговлекувања, ефикасно да ги завршиме преговорите со ЕУ.
Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари што Германија е наш политички и економски партнер, како и сојузник во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.