На маргините од лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, Заменик претседателот Бојан Маричиќ одржа средба и продуктивна дискусија со Јорн Флек, заменик директорот на Европскиот центар на Атлантскиот совет. На средбата беа истакнати заложбата на Македонија за забрзување на процесот на евроинтеграција и посветеноста за обезбедување на полноправно членство во Европската Унија до 2030.
Јорн Флек, кој има примарна одговорност за програмите поврзани со Западна Европа, и трговските односи меѓу САД и ЕУ, ја пофали Македонија како позитивен пример за стабилност и безбедност во регионот. Тој ги истакна достигнувањата и напредокот на државата, особено по Договорот од Преспа и членството во НАТО.
На средбата беше истакната меѓусебната соработка, при што и вицепремиерот Маричиќ и Јорн Флек ги изразија заедничките приоритети за поддршка и реализација на реформите на патот кон ЕУ.
На средбата беа потврдени тековната соработка и посветеноста на Владата за обезбедување на сигурен и стабилен развој на државата кон ЕУ, кое пак останува заеднички приоритет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.