Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес одржа средба со професорот. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик и Елена Јованова – Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик.
На средбата тема на разговор беа заложбата за поддршка и негување на македонскиот јазик и културата, на Владата и на Секретаријатот за европски прашања со посебна важност во процесот на евроинтеграција.
Проф. д-р Људмил Спасов и Советот за македонски јазик, во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, и реномираните лингвисти, македонисти, и професори, имаат важна улога во изработката и реализацијата на закони и проекти кои го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик. Покрај ова, Владата на Република Македонија и институциите континуирано ја поддржуваат реализацијата на различни проекти поврзани со развојот и промоцијата на македонскиот јазик, како и преводот на европскот законодавство на македонски
Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој беше изгласан во Јануари 2024, што претставува нов и современ закон кој го заштитува и унапредува македонскиот идентитет и култура, како и закон кој примерува соработка и јавна дискусија со сите заинтересирани страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.