Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на работната посета на Брисел оствари важна и продуктивна средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.

Фокус на разговорот со Копман биле односите кои Македонија ги има со ЕУ, поддршката од државите членки за да продолжиме со процесот на пристапни преговори и важните реформи поврзани со евроинтеграцијата, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Од страна на Генералниот директор, Герт Јан Копман беше посочено дека ЕУ е подготвена да ги забрза преговорите, а со тоа дека и процесот на реформи ќе добие нова динамика, бидејќи тие остануваат клучни за напредок кон полноправно членство во ЕУ.

 

На состанокот беше потенцирана и подготвеноста на Европската Унија дополнително да го интензивира преговарачкиот процес со Македонија, но и со државите од Западен Балкан во наредниот период, што ќе даде јасни и видливи резултати во приближувањето на регионот до полноправно членство во ЕУ.

 

Вицепремиерот Маричиќ рече дека европскиот пат и реформската агенда се приоритети на Владата и дека очекуваат да бидат за сите да биде пред сѐ, во интерес на дијалогот кој мора да е активен за воведување на европските стандарди и принципи во македонското општество.

-Важно е за нас да знаеме дека имаме партнери кои ја сакаат Македонија во ЕУ и кои веруваат дека сме подготвени за доброто на државата и граѓаните да го направиме следниот чекор кон ЕУ, нагласи Маричиќ.

Денеска во Брисел се одржува и дводневниот „Глобална порта“ со наслов: „Посилни заедно преку одржливи инвестиции“, на кој учество ќе земе вицепремиерот за европски праша Маричиќ на лидерската сесија посветена на образованието и истражувањето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.