Заменик-министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денеска оствари средба со дел од стручниот колегиум и со претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.

Како што известуваат од Министерството за здравство, на средбата било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик-министерката Манолева побара од стручниот и од лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување медицински директор, кој треба да ги исполнува условите во согласност со законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека најбргу што може ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.